Новак му подари потпишана маица на Меси, но ни Лео не остана должен: Ѓоковиќ доби спомен за сите времиња
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ ја имаше честа од трибините да го бодри најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси , а по мечот се фотографираше за историја! Две КОЗИ на едно место, разменуваат подароци во соблекувалната.
Новак му подари дрес на Меси во кој игра со неговиот потпис , но и тој не си замина со празни раце, бидејќи Меси му подари дрес од Интер Мајами за кој моментално настапува.
По натпреварот против Григор Димитров кој го доби со 2:0 во сетови, Новак на својот Инстаграм објави фотографии на кои истакна дека му е чест што имал можност да разговара и да се дружи со Меси и неговото семејство.
– Голема чест е да се сретнам со неговото височество Лионел Меси и целото негово семејство. Ти благодарам, Лео. Се гледаме наскоро – изјави Новак Ѓоковиќ.
Познато е дека Ѓоковиќ е голем фудбалски љубител, па дресот на Меси секако ќе биде вредно парче во неговата колекција и меѓу подароците кои ги доби.
