НОВАК ПОВЕЌЕ НЕ ЗАВИСИ ОД СЕБЕ: Само под ваков услов ќе се пласира во полуфинале!

Детални пресметки околу драмата што Новак Ѓоковиќ им ја приреди на сите на завршниот Мастерс во Торино.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Хурберт Хуркач (2:1) во третото коло на завршниот Мастерс во Торино , но бидејќи тоа го направи во три сета – си го „искомпликува животот“. Ноле повеќе не зависи од неговите игри, па по загубениот сет не му беше баш важно дали ќе победи, туку што ќе направат вечерва Јаник Синер и Холгер Руне.

Јаник Синер веќе продолжи понатаму, а дали Новак ќе му се придружи од оваа група зависи само од тоа како ќе игра Италијанецот вечерва против Холгер Руне. Доколку вечерва победи Јаник Синер (без разлика на резултатот), тогаш од оваа група како вицешампион ќе помине и Новак. Во случај да победи Руне, Новак се збогува со Торино… Така, Новак всушност играше само за АТП поени, а потоа и за пари.

Пресметките продолжуваат, Новак може да биде втор во групата само ако Sinner го победи Руне. Доколку, пак, Руне победи во два или три сета, тогаш Данецот ќе биде прв рангиран, а Sinner втор во групата.

Натпреварот меѓу Синер и Руне е на програмата од 21 часот.