ПРВА ВО ИСТОРИЈАТА – Адријана Лима ангажирана во ФИФА, Инфантино ја објасни нејзината новосоздадена улога

Бразилската манекенка Адријана Лима, која важи за една од најубавите жени во светот, е прогласена за првата глобална амбасадорка на фановите на ФИФА.

Улогата на Лима ќе биде да развива, промовира и учествува во неколку глобални иницијативи кои вклучуваат навивачи од целиот свет, а таа ќе ја додели и наградата за навивачи на ФИФА на врвните фудбалски награди на ФИФА во понеделник вечер во Париз.

„Кога ќе ја запознаете Адријана, веднаш ја чувствувате нејзината топлина, љубезност и колку е пристапна и страсна за нашата игра“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино .

„Таа живее и го ‘дише’ фудбалот и затоа може да биде одлична врска помеѓу ФИФА и навивачите ширум светот“, објасни Инфантино.
Адријана и се заблагодари на ФИФА за улогата која и е доделена, нагласувајќи дека сака уште повеќе да го доближи фудбалот до навивачите.

„Доаѓам од повеќе од скромно потекло и сум фудбалски љубител, многу сум благодарна и почестена што ФИФА ме избра да бидам првиот глобален амбасадор на навивачите“, рече Лима.