НОВАК ПОВТОРНО ОШТЕТЕН! Погледнете ја одлуката на СУДИЈАТА која го полуде Ѓоковиќ!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го играше мечот од третото коло на Ролан Гарос против Лоренцо Музети, а ова се случи во текот на првиот сет.

На самиот старт од мечот една контроверзна одлука на судијата го натера Новак да полуди.

Се играше третиот гем, Новак сервираше. Топката по ударот на Музети очигледно излезе надвор од границите, судијата молчеше, дури и се спушти да ја провери трагата, но остана на првобитната одлука.

Новак кисело се смееше, покажувајќи на трага која беше повеќе од очигледна, но не вредеше!

Работата да биде уште полоша, Италијанецот успеа да направи брејк во истиот гем по овој поен.

Проценете сами дали топката беше надвор од границите: