Новак се врати во Белград и се појави на место кое никој не го очекуваше! Сите гледаа само во него – еве што правеше! (ФОТО)
По обврските со српската репрезентација, најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се врати во главниот град на Србија.
Новак е фотографиран вечерва на премиерата на филмот на Габор Мате „Мудроста на траумата“, а премиерите ќе бидат придружени со панели, каде една од говорниците ќе биде сопругата на Новак, Јелена Ѓоковиќ, која е и директорка на фондацијата.
Да потсетиме, Новак неодамна ја освои 24. Грен слем титула во Њујорк, по што го пречекаа во Белград, а на познатиот балкон се најде со кошаркарите од Србија.
Новак по спектаклот се приклучи на српската репрезентација во Валенсија, каде избраниците на Виктор Троицки ја совладаа Шпанија и обезбедија пласман во четвртфиналето.