НОВАК СЕ ОГЛАСИ ВО СИТНИТЕ ЧАСОВИ – НАВИВАЧИТЕ ВО ТРАНС: Дали е ова најава дека славниот Србин ќе го гледаме на Вимблдон?!
Новак не се откажува од учеството на Вимблдон!
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ успешно се врати на тренинзите по операцијата на менискусот на десното колено, а постојат сериозни индиции дека би можел да настапи на претстојниот Вимблдон.
Српскиот ас во раните утрински часови на социјалните мрежи сподели видео од тренингот на Ол Ингланд Клуб и испрати порака која ги воодушеви своите фанови.
„Тој период од годината… Добро е што се вратив. Давам се од себе за да бидам подготвен за Вимблдон“, изјави Ѓоковиќ.
Погледнете како српскиот ас се подготвува за најпрестижниот Грен слем.