Новак Ѓоковиќ стана најстариот тенисер кој ја освоил титулата на Мастерсот во Синсинати.
Најдобриот српски тенисер во епското финале го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со резултат 2:1 (5:7, 7:6 (9:7), 7:6 (7:4))
Новак ја освои титулата на 36 години и три месеци. Претходниот рекорд го држеше Кен Роузвол кој го крена трофејот во Синсинати на 35 години и осум месеци.
Финалето меѓу Ѓоковиќ и Алкараз беше најдолго во историјата на овој турнир. Овој незаборавен спектакл траеше три часа и 49 минути!