Новак тренирал со Русин, па го испратиле во соблекувална! УС Опен не ни започнал, а обезбедувањето веќе интервенирало!

Во последниот понеделник во август започнува четвртиот Грен слем во сезоната, УС Опен, а Новак Ѓоковиќ атакува на својата 24. Грен слем титула.

Најдобриот српски тенисер ќе излезе на теренот првиот ден, поточно ноќта помеѓу понеделник и вторник во 2:30 часот по средноевропско време, а ривал на стартот на турнирот во Њујорк ќе му биде Александар Милер од Франција.

Новак пред тој дуел одработи и спаринг тренинг за да биде подготвен за пресметката со Французинот, а партнер кај Артур Еш беше Русинот Карен Хачанов.

Навивачите беа присутни и на главниот терен на комплексот во Њујорк, па Ѓоковиќ со целиот тим доби громогласен аплауз за добредојде.

Но, по тренингот дојде до една непријатна ситуација, имено, обезбедувањето морало да интервенира на општо изненадување на присутните.

Новак по тренингот отишол на трибината каде со нетрпение го чекале навивачите за да им даде автограм и да се фотографира со нив, но обезбедувањето го испратило во соблекувалната.

Како што тогаш објасни директорот на турнирот, овој преседан се случил затоа што Новак, според протоколот, морал да присуствува на друг настан.