Новак Ѓоковиќ испрати покана до сите фанови по повод прославата на 400 недели на врвот на светот!

Новак Ѓоковиќ уште еднаш одигра перфектен турнир и го освои пехарот на четвртото натпреварување по ред. Овојпат не со перфектен настап, бидејќи системот на завршниот мастерс дозволува пораз во групната фаза, но славејќи во финалето уште еднаш докажа дека ретко кога губи кога е најважно.

Јаник Синер двапати не успеа да го совлада Ноле, па можеби најслаткиот пехар во годината отиде во рацете на српскиот ас.

Ѓоковиќ изминатата недела нема да ја памети само по тој триумф, можеби најважен беше оној против Холгер Руне во првото коло, оттогаш ги испиша страниците на историјата и ја обезбеди 400-та недела на чело на АТП листата.

Таа вечер, Новак преку Твитер ги покани своите фанови да учествуваат во различни физички активности со хаштагот #Nole400 и да го споделат со него.

Овој понеделник и официјално го потврди првото место, па повторно со коментар ја објави својата покана.

– Добро, ајде да го направиме сето тоа. Почнувајќи од денес во текот на целата недела објавувајте некој од овие физички предизвици со ознаката #Nole400 или што и да е забавно за вас да го прославите. Цртајте, танцувајте, донирајте… Едвај чекам да видам. Одиме! –  напиша Ѓоковиќ.