Италијанскиот тенисер Јаник Синер за првпат во кариерата го освои Австралија опен, бидејќи денеска во финалето во Мелбурн го совлада Русинот Данило Медведев со 3:6, 3:6, 6:4, 6:4, 6:3.
Недолго по натпреварот, Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи и испрати порака и до победникот и до Данило Медведев.
Ноле му честиташе на Синер на италијански, а што се однесува до Русинот и на него имаше што да му каже.
– Одличен труд Данило! Денеска немаше среќа, но имаше прекрасен турнир – изјави Ѓоковиќ.