Новата болест на белите дробови ги ,,коси” младите: Главниот виновник се вајповите и електронските цигари! Веќе има смртоносни случаи! Ова се првите симптоми (фото)

Иако електронските цигари и вајповите станаа многу популарни, особено кај помладата популација бидејќи го елиминираат чадот од тутунот, овие уреди не се најбезбедни по здравјето. Во светот се појави ново белодробно заболување предизвикано токму од употребата на овие апарати, а светски експерти бараат начини за негово лекување.

Оштетувањето на белите дробови предизвикано од употребата на електронски цигари и вајпови , или EVALI (заболување на белите дробови поврзана со користење на електронска цигара или вајп) првпат беше идентификувано во летото 2019 година, а симптомите на оваа воспалителна болест вклучуваат отежнато дишење, кашлица, болка во градите, температура, треска, дијареа, гадење, повраќање, како и забрзано чукање на срцето.

15% од пациентите се под 18 години

До февруари 2020 година, само во САД се регистрирани 2.800 хоспитализации и дури 68 смртни случаи предизвикани од оваа болест. Иако возраста на најголемиот број на заболени е меѓу 28 и 32 години, податоците покажуваат дека дури 15 отсто од пациентите кои одат на лекар поради појавата на оваа болест се на возраст под 18 години.

Експертите утврдиле дека еден од виновниците за појавата на оваа болест е витаминот Е ацетат, хемикалија која се наоѓа во електронските цигари и вајповите. Кога се вдишува, оваа хемикалија може да предизвика оштетување на белите дробови, а една студија на 51 пациент со оваа болест откри витамин Е ацетат во белите дробови на 48 пациенти.

За среќа, по првото појавување на болеста, бројот на заболени се намалува, но она што ги загрижува лекарите е фактот што пациентите со симптоми на болеста ЕVALI се сè помлади лица.

– Сите треба да бидеме загрижени за зголемената популарност на електронските цигари и вајповите кај младите. Иако е докажано дека оваа болест реагира на употреба на кортикостероиди и антибиотици , сè уште сме на почеток на разбирање што точно ја предизвикува и кои се долгорочните ефекти од употребата на овие производи и појавата на болеста врз пациентите. Сепак, верувам дека превенцијата е најдобриот начин за лекување на EVALI, односно забрана за употреба на уреди кои ја предизвикуваат оваа болест – рече д-р Деница П. Благев, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Јута и раководител на болницата Ривертон.

Посетете лекар при првите симптоми

ЕВАЛИ е сериозно воспалително заболување на белите дробови и во околу 90 проценти од случаите е потребна хоспитализација за да се излечи оваа болест. Медицинските стручњаци сè уште не се сигурни дали ЕVALI е целосно излечив, но засега тврдат дека е можно доколку пациентот веднаш престане да користи електронски цигари и вакпоби на првиот симптом и отиде на лекување кај својот матичен лекар.