Нова варијанта на коронавирусот наречена EG.5 веќе широко се шири во Соединетите Американски Држави, а се повеќе хоспитализирани пациенти страдаат од овој посебен вид на КОВИД-19.
На национално ниво, EG.5 е причина за околу 17 проценти од новите случаи на коронавирус во земјата. EG.5 можеби звучи како сосема нов тип на вирус, но не е, тоа е сој од семејството Омикрон. Тоа е постепено ширење на вирусот, спротивно од тоа како се шири Омикрон.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, оваа мутација претходно се појавила и во други варијанти на коронавирусот. Научниците не се сигурни какви нови симптоми носи вирусот, но научниците и лекарите најмногу се занимаваат со тоа што овој вид „наследник“ од другите видови.
Мутацијата 465, чиј производ е EG.5, е присутна во околу 35 проценти од случаите на коронавирус пријавени ширум светот. Надвор од САД, EG.5 рапидно расте во Ирска, Франција, ОК, Јапонија и Кина. Светската здравствена организација неодамна го додаде на својата листа на варијанти под надзор.
Епидемиолозите сметаат дека човечкото однесување е главната причина за повторното појавување на коронавирусот. Тие укажуваат на работи како рекордна топлина што носи повеќе луѓе во затворени простории за климатизација, што помага да се шири вирусот. Летните патувања ги испраќаат луѓето надвор од нивните нормални социјални кругови, што го шири вирусот на нови жртви. Учениците се враќаат во своите клупи, а како што знаат родителите, домашната работа не е единственото нешто што децата го носат дома од училниците, пишува CNN.