НОВА ГЛАВОБОЛКА ЗА КРЕМЉ! САД најави дополнителна воена помош за Украина: Пристигнуваат моќни проектили, силни оклопни возила и дронови за 400 милиони долари
Министерството за одбрана на САД во вторникот објави 400 милиони долари дополнителна безбедносна помош за Украина, која вклучува ракети за противвоздушна одбрана, оклопни возила и мали беспилотни летала, додека украинската контраофанзива против Русија продолжува.
Пакетот се финансира преку употреба на Претседателската управа за повлекување, или ПДА, која го овластува претседателот брзо да префрли одредени средства од американските залихи без одобрение од Конгресот во итен случај. Оружјето за Украина е вишок залихи во САД.
Ова е 43. пакет за безбедносна помош што САД го одобрија за Украина. Од руската инвазија во 2022 година, обезбедени се повеќе од 43 милијарди долари американска воена помош.
Коментирајќи ја најавата за помош, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, укажа на руските напади врз украинските пристаништа и инфраструктура откако Москва се повлече од договорот за транспорт на украинско жито низ Црното Море.
„Русија во секое време би можела да ја заврши оваа војна со повлекување на своите сили од Украина и со запирање на бруталните напади врз украинските градови и жители. Се додека не го стори тоа, САД и нашите сојузници и партнери ќе бидат обединети со Украина онолку долго колку што е потребно“, се вели во соопштението на Ентони Блинкен.
Црноморската иницијатива (договор) за транспорт на житни култури беше склучена од Обединетите нации и Турција пред една година во борбата против глобалната криза со храна, влошена од руската инвазија.
За потсетување, Украина и Русија се водечки извозници на жито во светот.
Велика Британија во вторникот соопшти дека има информации кои укажуваат дека руската Армија би можела да започне со напади врз цивилниот брод во Црното Море, додека Европската унија вети дека ќе и помогне на Украина да извезува речиси сите земјоделски производи по железница и пат.