Ништо од сензационалниот трансфер !? Килијан Мбапе одби астрономска понуда, а веќе договорил се со Реал Мадрид ?

Килијан Мбапе доминираше на насловните страници во последните неколку недели, поточно последните неколку дена, откако беше откриено дека Ал Хилал упатил рекордна понуда од 300 милиони евра до ПСЖ за 24-годишниот напаѓач. Парижаните го ставија на трансфер листата од причина што Французинот почна да се двоуми околу продолжувањето на договорот, а сегашниот му истекува следното лето.

ПСЖ ја прифатиле астрономската понуда на Ал Хилал, но не и Килијан Мбапе, кој не планира да се пресели во Саудиска Арабија, објави секогаш добро упатениот новинар, Фабрицио Романо.

Тоа значи дека ситуацијата е вратена на почеток, а ПСЖ останува со нова загриженост со фудалер кој би можел да го загуби бесплатно следното лето.

ПСЖ верува дека отфрлањето на понудата на Ал Хилал од страна на Килијан Мбапе дополнително го зацврстува нивното верување дека Французинот веќе се договорил со Реал Мадрид за да им се приклучи како слободен агент следното лето.

Останува да се види како ќе се одвива ситуацијата на Килијан Мбапе во следните неколку недели. Реал Мадрид внимателно ќе ги следи работите, иако не планира наскоро да влезе во преговори со ПСЖ.