Јапонија: Директорот на средно училиште добил отказ затоа што точел повеќе кафе отколку што платил

Директорот на едно средно училиште во Јапонија бил отпуштен на почетокот на оваа недела, откако било откриено дека наточил повеќе кафе отколку што платил.

Станува збор за 59-годишен маж, чиј идентитет не се соопштува, а за кој јапонските медиуми пишуваат дека на паузата за ручек наточил големо кафе, иако ја платил цената за кафе со обична големина.

Имено, вработениот во продавницата забележал дека зема кафе кое чини 1,25 долари, додека во машината за самопослужување става 0,75 долари. Ова го направил седум пати, а вработената која ја забележала оваа неправилност повикала полиција.

Надлежните веднаш го разрешија директорот, а тој самиот им се извини на учениците и нивните семејства, велејќи дека неговото разрешување е пример и поттикнува дисциплина. Обвинителите одлучија да не покренуваат обвиненија против него. Ова не е прв ваков случај на измама со кафе во Јапонија, пренесува Business Insider.