Според РИА Новости, Иранската револуционерна гарда истрелала проектили кон Пакистан!
ИРГЦ на својот канал Телеграм наведува дека цел на нападот биле два штабови на групата Џаиш ал Адл, која Техеран ја смета за терористи.
Нападите наводно биле извршени со беспилотни летала и балистички проектили.
Иранската револуционерна гарда, да потсетиме, истрела 24 балистички ракети врз цели во Ирак и Сирија доцна во понеделникот навечер.