Нова драма на Кејт Мидлтон! Родителите на принцезата од Велс длабоко во долгови!?

Семејството на Кејт Мидлтон повторно е во фокусот на британските медиуми, кои брмчат поради тоа што родителите на принцезата од Велс западнале во големи финансиски проблеми.

Како што пишува британски „Тајмс“, Керол и Мајкл, таткото на принцезата, должат речиси 300.000 евра . Мајката на Кејт Мидлтон, Керол Мидлтон, наводно прави се за да ја заштити својата ќерка да не знае дека семејството е во финансиски проблеми.

Споменатите медиуми тврдат дека Мидлтонови од минатата година не можат да подмират некои деловни долгови, поточно, немаат доволно пари да ги платат сметките на компанијата која ги советувала.

– Керол се обидува да го задржи фокусот на принцезата на исцелување и закрепнување – рекол неименуван извор за странските медиуми за целата ситуација и продолжил: 

 

–  Ова е многу тежок период за целото семејство, но тие не бараат помош од децата  и не сакаат да се грижат. Кетрин и нејзините родители имаат блиски односи и разговараат за се, но сега не зборуваат за работа бидејќи таа мора да се фокусира на своето здравје. 

Да потсетиме, експертот за кралското семејство тврди дека Вилијам и Кејт прават се за да се помират со Хари и Меган. Како што претходно објавија британските медиуми, војводите од Сасекс не се во добри односи со кралското семејство, а се скарале со принцот и принцезата од Велс.

Но, Том Квин, кралскиот биограф, рече дека Вилијам и Кејт се обиделе да ја поправат ситуацијата. Тој за Мирор изјави дека контактирале со Меган и Хари и ги молеле да дојдат во ОК и да ги донесат нивните деца Арчи и Лилибет. Меѓутоа, Меган наводно го одбила овој предлог.