НОВА ДРАМА СО АВИОН НА БОИНГ! При полетување капакот на моторот паднал и удрил во крилото, патниците ја снимиле паниката во авионот 

Боингот 737-800 на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ морал принудно да слета откако капакот на моторот се откинал при полетувањето и удрил во крилото на леталото.

ABC News објави дека Федералната управа за авијација (FAA) соопшти дека инцидентот се случил вчераутро кога авионот полетал од меѓународниот аеродром во Денвер за Хјустон.

Се вели дека FAA истражува што се случило и дека персоналот на авионот рекол дека „капакот на моторот паднал за време на полетувањето и удрил во крилото“.

Саутвест ерлајнс соопшти дека авионот „безбедно слетал откако доживеал механички проблем“.

авион, капак за авион, Боинг 747

Се наведува дека патниците се резервирани и на други летови, а техничкиот персонал врши проверка на леталото.

На социјалните мрежи се појавија видеа направени од патниците во авионот за време на полетувањето, на кои се гледа како хаубата на авионот се ниша под налетите на ветрот.

– Се се распадна – во клипот се слуша Лиза, една од патничките кои го снимиле инцидентот.

авион, капак за авион, Боинг 747

Таа изјави за ABC News дека капакот на моторот „се откачил во првите десет минути“ од летот.

Друг патник, Купер Глас, за американската телевизија изјави дека искуството е „застрашувачко“.

– Луѓето спроти мене почнаа да им викаат на стјуардесите и да им ја покажуваат штетата – рекол Глас, кој го пофалил пилотот што „одлично ја завршил работата за време на слетувањето“.