НОВА ОГНЕНА ПРЕСМЕТКА НА МИГРАНТИ ВО СРБИЈА! Има мртви и ранети, двете групи биле вооружени

Еден мигрант е убиен во вооружена пресметка меѓу две групи мигранти во близина на автопатот кај градот Хајдуково, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Суботица.

Синоќа околу 21:00 часот дошло до нова вооружена пресметка меѓу две групи мигранти во близина на автопатот кај градот Хајдуково, потврдија за РТС од Полициската управа во Суботица.

Како што потврдија за РТС од Вишото јавно обвинителство во Суботица, во таа пресметка е убиен еден мигрант.

Во болницата во Суботица има двајца млади мигранти на кои им се констатирани прострелни рани на долните екстремитети.

Засилено е присуството на полицијата и Жандармеријата на подрачјето на Хајдуково и пограничниот појас, кои трагаат по сторителите на вооружената пресметка.