Новата снимка ја покажува огромната штета на историската џамија Ал-Омари во градот Газа.
Палестинските медиуми наведуваат дека џамијата повеќепати била погодена од ракети истрелани од Израел.
Израелските одбранбени сили избраа да молчат за обвинувањата на Палестинците, пишува timesofisrael.
🚨فيديو الاحتلال يدمر المسجد العمري الكبير ، وهو المسجد الأكبر والأقدم في مدينة غزة. pic.twitter.com/klOa7QKvW1
— #القدس_ينتفض 🇵🇸 (@MyPalestine0) December 8, 2023
Се верува дека џамијата стоела на местото на антички филистејски храм, местото го користеле Византијците за подигнување црква во 5 век. По доаѓањето на муслиманите во овој регион во VII век, таа била претворена во џамија.
ткако беше сериозно оштетена од британските бомбардирања за време на Првата светска војна, џамијата беше повторно изградена во 1925 година од страна на Врховниот муслимански совет.
Инаку, Израел тргна во контранапад против Хамас откако овој изврши терористички напад на 7 октомври на израелски територии.
דיווחים בעזה על כך שמסגד אל-עומרי הגדול, אחד המסגדים העתיקים בעזה, נהרס חלקית בתקיפות צה”ל. אתר עם היסטוריה שהיא ההיסטוריה של עזה: בית תפילה פלישתי שהפך לכנסייה ביזנטית ואז במאה ה-13 למסגד תחת שלטון הממלוכים. @OmerShahar123 pic.twitter.com/XlEPeR5eRj
— Nurit Yohanan (@nurityohanan) December 8, 2023