Стотици милијарди евра руски средства се замрзнати од ЕУ и земјите од Г7 – како може да се искористат за обнова на Украина?

Европската комисија се очекува следната недела да усвои законски предлог за користење на руски „замрзнати“ средства поради санкции.

Предлог-законот се очекува да биде одобрен на 12 декември, два дена пред завршниот самит годинава, на кој ќе се сретнат 27 лидери на земјите од Европската унија.

Изгледите за унгарско вето и расправиите за буџетот меѓу земјите од Европската унија ги намалуваат шансите за договор што ќе и даде поттик на Украина.

ЕУ соопшти дека замрзнала околу 21,5 милијарди евра руски средства, додека други 300 милијарди евра средства на руската централна банка се запленети од земјите од Г7.

Околу 125 милијарди евра држи белгиската компанија Еуроклиар. Белгија, како земја на ЕУ, но не и членка на Г7, соопшти дека ќе собере околу 2,3 милијарди евра даноци, кои ќе ги искористи за да и помогне на Украина.

Предлогот на Комисијата има за цел да воведе некои стандардни правила за третман на таквите приходи во сите земји на ЕУ.

Во спротивно, за одобрување на нацрт-законот ќе биде неопходна едногласна поддршка од 27 земји, пренесува skynews .

Сепак, од лидерите на ЕУ не се очекува конечно одобрување на предлогот, туку можеби ќе ги оптоварат владите на 27-те земји со повеќе работа.

„Група земји-членки сè уште имаат правна загриженост“, рече висок дипломат на ЕУ, додавајќи дека трансферот на средства во централната каса на ЕУ „не е веројатно да се случи во блиска иднина“.