Нова снимка од масовното уништување на историската џамија во Газа

Новата снимка ја покажува огромната штета на историската џамија Ал-Омари во градот Газа.

Палестинските медиуми наведуваат дека џамијата повеќепати била погодена од ракети истрелани од Израел.

Израелските одбранбени сили избраа да молчат за обвинувањата на Палестинците, пишува timesofisrael.

Се верува дека џамијата стоела на местото на антички филистејски храм, местото го користеле Византијците за подигнување црква во 5 век. По доаѓањето на муслиманите во овој регион во VII век, таа била претворена во џамија.

ткако беше сериозно оштетена од британските бомбардирања за време на Првата светска војна, џамијата беше повторно изградена во 1925 година од страна на Врховниот муслимански совет.

Инаку, Израел тргна во контранапад против Хамас откако овој изврши терористички напад на 7 октомври на израелски територии.