Апелациониот суд во Белград му го продолжи притворот на В.К., таткото на момчето што го изврши масовното убиство во „Рибникар“, за уште три месеци.
Да потсетиме, момчето убиец (13) кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, за време на сведочењето преку видео врска открил дека татко му го нарекол психопат!
– Во текот на сведочењето во истрагата што Вишото јавно обвинителство во Белград го спроведе против неговиот татко поради сомнение дека не го сокрил соодветно оружјето што го поседувал и дека го однел синот на стрелиштето, момчето убиец одговараше на прашања за семејните односи. Во еден момент рече „татко ми ми кажа дека сум психопат“, како и „отидовме на стрелиште да ја поправиме врската и да работиме на тоа“ – открива извор за српски Курир и додава дека останува нејасно што претходело на фактот дека таткото на неговиот син го нарекол психопат.
Вишиот суд во Белград го усвои и предлогот на членовите на семејството убиени во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ сите пари со кои располага таткото на момчето-убиец од Врачар да се префрлат на депозит на јавниот извршител.
Во исто време, судот и’ наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите ќе бидат во депозит на јавниот извршител, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените (членови на семејството на убиените), каде што ќе се чуваат до конечно завршување на кривичната постапка. Тоа значи дека сите пари од сметката на семејството ќе бидат префрлени на депозитот на јавниот извршител.
Против тоа решение е дозволена жалба, но тоа не го одлага извршувањето на решението.