НОВА “ТАЈНА“ МИСИЈА НА ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЦИА – Вилијам Барнс ќе се сретне со претставници на Израел и Катар за да преговара за договор за заложниците во Појасот Газа

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс ќе се сретне во Варшава со премиерот на Катар, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и со директорот на израелската тајна служба, Мосад, за да разговараат за потенцијалниот нов договор за ослободување на израелските заложници кои ги држеше Хамас во Појсот Газа, открива американски официјален претставник за медиумската агенција Reuters.

Претходно, беше објавено дека средбата ќе се одржи, повикувајќи се на двајца американски и израелски претставници.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во саботата се чинеше дека потврди дека се водат нови разговори за враќање на заложниците кои ги држеше Хамас, откако извор кажа дека директорот на израелското разузнавање се сретнал со премиерот на Катар, земја која посредува во израелскиот – палестинскиот конфликт. 

Извор запознаен со ова прашање вели дека директорот на Мосад, Дејвид Барнеа доцна во петокот се сретнал со Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани во Европа.