ИДЕАЛЕН СО ПЕЧЕНИ КОМПИРИ- Не знаете што да направите за ручек? Со едноставна маринада направете ги најсочните пилешки крилца

Секојдневниот оброк секогаш можете да го збогатите со користење на различни зачини, а доброто кај пилешкото месо е што има неутрален вкус, па може да се комбинира со различни зачини и додатоци. Затоа ви носиме рецепт за најсочната маринада со пилешки крилца.

Можете да ги сервирате со гарнир како печен компир, но по желба можете да додадете и малку сос.

Потребните состојки за овој рецепт се:

  • еден килограм пилешки крилца
  • две лажици вегета
  • една кафена лажичка црвен пипер
  • една кафена лажичка мед
  • една лажица сенф
  • половина лажичка кари
  • бибер (по избор)
  • чили (по избор)
  • сок од еден лимон

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во поголем сад, а на крајот додадете ги пилешките крилца. Потребно е секое парче да се премачка подеднакво. Покријте го со фолија и ставете го во фрижидер најмалку половина час за месото да ги впие сите зачини.

Ако имате време, можете да го маринирате месото претходната вечер. Во поголем плех ставете хартија за печење и на неа наредете ги пилешките крилца. Печете ги на 200 степени додека не поруменат.