ВИДЕО | Мексикански градоначалник се ожени со крокодил !?

Градоначалник на еден мал мексикански град се оженил со крокодил во ритуал кој постои во овие делови на земјата со векови. На снимките на социјалните мрежи може да се види како го бакнува рептилот, чија муцка била врзана, пишува „Би-Би-Си“.

Се смета дека седумгодишниот крокодил, наречен „малата принцеза“, претставува ‘божество’ поврзано со мајката земја. Нејзиниот брак со локалниот водач го симболизира „спојувањето на луѓето со божественото“.

Традицијата најверојатно датира со векови на домородните заедници Чонтал и Хуаве во државата Оахака. „Тоа е спој на две култури“.