ФОТО | ОБОЖАВАТЕЛИТЕ ГЛЕДААТ И НЕ ВЕРУВААТ – Објавени досега невидени фотографии од Михаел Шумахер: Погледнете со кого се фотографирал

Легендарниот Германец, Михаел Шумахер, пред десет години доживеа тешка несреќа на скијање и оттогаш малку се знае за неговата состојба. Сега во јавноста се појавија досега невидени фотографии на Михаел Шумахер со добро познатото лице во светот на Формула 1Макс Верстапен.

Макс Верстапен доминира во Формула 1, а како дете ја имал честа да го запознае Михаел Шумахер бидејќи бил добар пријател со неговиот татко Џос, кој исто така е познат возач.

Одевме заедно на одмор кога бевме мали, две семејства, и тие спомени секогаш ќе ми останат во сеќавање“, изјави Макс Верстапен, а тие фотографии можете да ги погледнете ОВДЕ.

Овие фотографии се појавија во една од епизодите на документарната серија на Netflix, која детално опишува и открива непознати детали од животот на сегашните и поранешните возачи на Формула 1. Во шоуто се појави фотографијата на Михаел Шумахер и Макс Верстапен.