ФОТО | Завидна фигура и рамен стомак: И во 60-тите години славната актерка Деми Мур ги остава без зборови сите со својот изглед!

Легендарната холивудска актерка Деми Мур заплива во морето за време на нејзиниот одмор во Грција и уште еднаш ги воодушеви своите следбеници со своето затегнато тело.

Како што пишува Daily Mail, 60-годишната актерка ја покажала својата завидна фигура и рамен стомак во зелено бикини. Косата ја собрала во пунџа, а според фотографиите отишла на пливање без трошка шминка на лицето. Камерите го снимиле и нејзиното враќање на палубата на луксузната јахта на која летува. 

Таа го поминува времето таму со нејзините пријатели Андреас и Атанасија Стегос, со кои неодамна била и на ручек, заедно со милијардерот Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез.

слика
Деми Мур

Освен овие фотографии, мајката на три деца, која ги има ќерките Румор (34 г.), Скаут (32 г.) и Талула (29 г.) со поранешниот сопруг Брус Вилис, не сподели премногу информации за нејзиното летно патување во Европа. Последен пат се појави на бројни портали, исто така врз основа на нејзиното младешко тело и добро одржувана фигура, кога го прослави Денот на независност на САД и ги предупреди своите сонародници да користат фактор за заштита од сончевите зраци.