Први зборови на наставничката по историја во која пукаше детето-психопат: Потресена е, на лекарите им повторува само една реченица!

Наставничката по историја која ја рани момчето-психопат (14) во крвавата престрелка во Врачар, со денови не може да поверува што им направил момчето-убиец, па во разговорот со лекарите постојано повторува дека немало индиции дека тој би ја направил оваа страшна работа!

Според лекарите кои се грижат за неа на хируршкото одделение на Клиничкиот центар на Србија, иако сега е надвор од животна опасност, велат дека се чувствува добро, но наставничката Марија во состојба на шок и неверување го повторува само ова: „Боже , Боже, што ни се случи! Што му требаше ова?

Како што се дознава, поради сериозни повреди ја чека уште една ортопедска операција.

Да потсетиме, во средата седмоодделенец уби осум деца од ОУ „Владислав Рибникар“ и училишен чувар, а рани шест ученици и еден наставник по историја употребувајќи го пиштолот на неговиот татко.

Поради загрозување на општата безбедност, неговиот татко е приведен и одредена му е мерка притвор до еден месец, додека момчето е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади!