Пригожин бара чеченските единици „Ахмат“ да ја преземат областа во Бахмут

– Јевгениј Пригожин, основачот на руската паравоена група Вагнер побара дозвола на чеченските воени единици „Ахмат“ да им се препуштат подрачјата во Бахмут.

Пригожин на профилот на социјалните мрежи наведе дека военото присуство на групата Вагнер во Бахмут ќе престане на 10. мај.

Тој рече дека контактирал со претседателот на руската чеченска република Чеченија, Рамазан Кадиров и му се заблагодарил што се согласил да ги преземе позициите на Вагнер во Бахмут.

Пригожин истакна дека преостанало подрачје од 2 квадратни километри за руските сили да го заземат Бахмут.

„Бахмут со сигурност ќе го заземат силите на групата ‘Ахмат’“, рече Пригожин.

Пригожин објави и писмо упатено до рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во кое бара да им се дозволи на единиците на „Ахмат“ да го преземат подрачјето во Бахмут кое е под контрола на групата Вагнер.

Пригожин кој вчера објави дека не им е доставена муниција, изјави дека одлучиле на 10. мај да се повлечат од Бахмут.

Руските сили со месеци се обидуваат да го заземат Бахмут, транспортен и логистички центар на украинскиот регион Доњецк, кој е дел од индустрискиот регион Донбас.