Нова трагедија на Балканот! Исчезнато момче (13) во Загреб: Активиран е алармот НЕNО

Момчето Иван Лалиќ (13) исчезна во понеделникот во загрепската населба Ланиште, поточно во улицата Ланиште. Полицијата сè уште трага по него, а попладнето го вклучи алармот НЕNО. НЕNО значи Национален регистар на исчезнати лица, а алармот за граѓаните се активира преку социјалните мрежи.

Според податоците од Националниот регистар на исчезнати лица, Иван е роден во 2010 година, висок е 160 сантиметри, има црна коса и кафени очи. Во моментот на неговото исчезнување тој носел сини панталони, дрес со натписот Динамо и Петковиќ, а носел ранец во темна боја и кафени тениски чевли.

„Доколку имате информации за ова лице, ве молиме известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и на е-маил адреса: [email protected] “, известуваат од полицијата.