“НОВА ШЛАКАНИЦА ЗА МОСКВА“ – По Полска и Словачка се одлучи да ја опреми Украина со 14 борбени авиони!
Утрово Владата на Словачка одобри испраќање борбени авиони MiG-29 во Украина, соопшти премиерот на државата, Едуард Хегер.
Словачка го потврди ова еден ден откако Полска објави дека во наредните денови ќе испрати четири авиони MiG-29 во Украина.
Словачка ќе испрати 14 MiG-29 во Украина, објавија тамошните медиуми. Да потсетиме дека и Полска и Словачка се членки на НАТО.