Новинарка се расплака додека известуваше од Газа: Со години известувам, но ова никогаш не сум го видела (ВИДЕО)
Харазин истакна дека ситуацијата е тешко да се опише и дека во израелските воздушни напади се убиени цели семејства.
Репортерката Нур Харазин се расплака за време на директен пренос на телевизијата CGTN додека известуваше за настаните во Појасот Газа .
Се наоѓаше пред болницата „Маченици Ал Акса“, пред која постојано поминуваат голем број луѓе.
Како што наведе таа, бројот на жртвите се зголемува од час во час. Амбулантите не престануваат да ги носат ранетите, а меѓу нив има и многу деца.
– И самата видов деца, најмалку десет деца, на кои им беа отсечени главите… Ова е неописливо, ова е како масакр – изјавила таа.
Харазин истакна дека ситуацијата е тешко да се опише и дека во израелските воздушни напади се убиени цели семејства.
– Никогаш не сум видела нешто слично. Со години известувам од Газа, но ова што сега го гледаме е масакр – рече новинарката, која се бореше да зборува, признавајќи дека губела зборови.
Болниците се поплавени, а бидејќи Појасот Газа остана без вода, струја и други неопходни работи, практично е невозможно да се згрижат пациентите.
Репортерката истакна дека многу луѓе биле ранети или убиени на југот на Газа, а токму тоа е областа каде според наредбите на израелската армија требало да отидат да се евакуираат.