Новинар на Ројтерс е убиен на границата меѓу Израел и Либан (ФОТО)

Новинар на Ројтерс загина, а уште шестмина се повредени денеска во јужен Либан додека снимаше размена на оган на израелско-либанската граница.

„Длабоко сме со тага кога дознавме за смртта на нашиот снимател Исам Абдалах“, изјави портпаролот на Ројтерс. Агенцијата додава дека двајца новинари на Ројтерс, Тајер Ал Судани и Махер Назех се повредени.

Меѓу повредените има и новинари од Ал Џезира и АФП

Ал Џезира потврди дека репортерката и нејзиниот снимател се меѓу повредените. Во гранатирањето се повредени и двајца новинари на француската новинска агенција АФП, изјави извор од агенцијата.

Инцидентот се случил во јужен Либан во близина на границата со Израел.