Новиот пакет мерки: Пензионерите во Македонија со пониски пензии ќе добијат 15 илјади денари за 5 месеци

Со новиот пакет антикризни мерки, креиран од Владата на СДСМ, се издвојуваат 36 милиони евра за финансиска поддршка за 187.000 пензионери со пониски пензии.

Од СДСМ велат дека пензионерите со пониски пензии до 14.000 денари ќе добијат по 15.000 денари на сметките во следните 5 месеци, по 3.000 за секој месец.

„Оние кои имаат пензии до 14.001 до 16.000 денари ќе добијат по 2.000 денари, а оние со пензии од 16.001 до 19.000 денари ќе добијат 1.500 денари.

Исплатата започнува во декември, за да се поминат зимските месеци со повеќе пари во семејните буџети“, се вели во соопштението на СДСМ.

Потенцираат дека минималната пензија е зголемена за 25%. Станува збор за зголемување од 4.200 денари.