Пронајден е двојникот на Зеленски! Продавач на риба од Неапол стана хит на социјалните мрежи – Уверете се сами колку личат (ВИДЕО)

Продавач на морска храна од Неапол кој неверојатно наликува на украинскиот лидер Володимир Зеленски стана хит на социјалните мрежи.

Неговото име е Џиџи и неговиот профил на TikTok има повеќе од милион следбеници, а видеата на кои пие кафе или работи се моментални хитови на интернет.

Инаку, Џиџи одамна е популарен во Италија и тоа не поради сличноста со украинскиот политичар.

Рибопродавачот од Неапол се прослави во 2020 година кога земјата влезе во карантин поради Ковид. Тогаш многу Италијанци, исплашени од епидемијата, ги споделија неговите видеа на TikTok со инспиративна фраза:

– Џиџи пристигна со љубов! Добро утро рибаре!

Слоганот стана толку познат што дури го поттикна Ryanair да го користи во една од своите реклами. Така продавачот на риба почна да се појавува на телевизија.

Сепак, Џиџи малку се измори од популарноста и на почетокот на 2023 година најави дека ќе се откаже од социјалните мрежи, но сепак продолжува да поставува видеа на TikTok.

Еден Полјак, да потсетиме, изгледа неверојатно слично на рускиот претседател Владимир Путин.

Славек Собала (53) стана светски познат како копија на рускиот лидер, но со месеци се плаши за својата лична безбедност бидејќи заработил многу пари претставувајќи се како Путин.