– Претставници на Службата за вонредни ситуации на Хаваите ја укинаа наредбата за евакуација по новиот пожар во кој се уништени четири хектари на хавајскиот остров Мауи.
Новиот пожар ги принуди локалните власти вчера привремено да ги евакуираат жителите на градот Лахаина, на само неколку километри од местото кое неодамна беше опустошено од пожар, но новиот пожар е ставен под контрола.
Агенцијата за вонредни ситуации во округот Мауи објави на социјалните мрежи дека евакуацијата е завршена и дека жителите можат слободно да се вратат дома.