Барањата за оставки во Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и натаму не стивнуваат, особено по настапот на првата антикорупционерка Татјана Димитровска во Собранието која отворено ги приквиваше фактите за ангажманот на Цвета Ристовска, која „пресуди“ дека дипломата на Бојан Христовски е валидна иако таа била дел од истиот универзитет.
„Последната скандалозна одлука за директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и сомнежите за судир на интереси во самата ДКСК фрлаат црна дамка на работата на комисијата и ја поткопува довербата во оваа важна институции.Сомнежите за судир на интереси кај членката на ДКСК, Цвета Ристовска, која истовремено била предавач на истиот универзитет од каде што е спорната диплома на Христовски, како и фактите објавени во медиумите дека дипломата е стекната за само една година ја компромитира објективноста и независноста на одлуката. Од овие причини Цвета Ристовска треба да си поднесе оставка а Државната комисија за спречување корупција да ја повлече и да ја преиспита одлуката за директорот на АНБ.
Дополнително, потребно е целосно расчистување на евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат. Носители на функции во ДКСК мора да бидат пример за одговорност, интегритет и транспарентност. Судирите на интереси, манипулациите и злоупотребите мора да бидат санкционирани без исклучок. Само така може граѓаните да имаат доверба во оваа важна институција“, реагираа од СДСМ.
Претходно и Гордан калајџиев, преку статус на социјалните мрежи побара оставки од ДКСК.
„Оставка од ДКСК!! Се обрукаа со директорот на АНБ“, напиша тој. Тој имаше коментар и наводната јавна расправа за судството,
„Многу широка јавна дебата одржа власта денес за судството; дури тројца дебатираа: една професорка по историја и уште двајца“, напиша тој.
Инаку и денес ДКСК продолжи да работи во тешка илегала и, бидејќи по сите реакции во јавноста и барањата одговори си одржа онлајн седница на која усвоиле програми за идната работа со хјасно порака дека критиките воопшто не ги допираат.