НОВИ ДЕТАЛИ ЗА МАСАКАРОТ ОД НЕШВИЛ – Ужасот траел 14 минути: Полицијата пронашла уште оружје во домот на девојката која живеела недалеку од училиштето (фото)

При претресот на куќата во која живеела Одри Хејли, девојката која уби шест лица, од кои три 9-годишни деца, во христијанско училиште во Нешвил, полицијата пронашла дополнително оружје.

Како што информира полицијата во Нешвил, на адресата, која е на само неколку минути возење од местото на злосторството и каде живеела Одри Хејл, покрај оружјето што го користела во масакрот, биле пронајдени уште две пушки.

Да потсетиме дека 28-годишната Одри Хејл уби шест лица, меѓу кои и три 9-тгодишници, во едно христијанско приватно училиште во Нешвил.

Драматично било и при евакуацијата на децата од училиштето, бидејќи Одри во тој момент сè уште била во таа институција.

Според полицијата, драмата траела точно 14 минути.

Во полициското соопштение накратко, но детално е опишано како овој масакр изгледал чекор по чекор и колку време траел.

Според соопштението, Одри Хејл дошла во училиштето и, бидејќи вратата била заклучена, пукала во неа за да ја разбие и влезе.

Одри Хејл

Веднаш штом се слушнало пукотницата, во 10 часот и 13 минути по локално време била повикана полиција.

Најпрво во приземјето се слушнале истрели, а потоа на местото на настанот пристигнала полиција, токму во моментот кога учениците се евакуирале од училиштето. Потоа дошло до пукање на првиот кат. Полицајците веднаш влегле во зградата, каде брзо наишле на Одри Хејл и ја виделе како пука.

Во истиот момент полицајците пукале и ја убиле. Одри Хејл веќе била мртва во 10:27 часот.

Мајката на девојчето од Нешвил кое уби шест лица, вклучително и три 9-годишни деца во приватно училиште во Нешвил, изјави дека – „штотуку ја изгубила својата ќерка“.

Интересно, нејзините пријатели изјавиле дека се шокирани од овој настан, и дека таа секогаш ја сметале за „слатка и смешна“.

За овој масакр зборуваше и претседателот на САДЏо Бајден, а полицијата го соопшти идентитетот на сите жртви.