ЈАВНА ДРАМА – Непозната девојка објави интимни детали за аферата со нејзиниот вереник, а потегот на пејачката ги ‘разгоре’ социјалните мрежи (фото)

Американската пејачка Беки Џи (26 г.) се појави без вереничкиот прстен на доделувањето на наградите на iHeartRadio, кое се одржа само неколку часа по јавната драма со нејзиниот вереник.

Фудбалерот Себастијан Летгет (30 г.) се осврна на гласините со тоа што преку социјалната мрежа Инстаграм призна дека ја преминал границата со своите постапки.

Во меѓувреме, младата пејачка прошета на црвениот тепих облечена во гламурозен црн фустан и ја освои наградата за најдобра латино поп/регетон песна на годината – хитот „Mami“.

Само една недела пред доделувањето на наградите, непозната девојка на социјалните мрежи објави дека таа се забавувала со нејзиното момче во февруари.

Ќе ставам видеа од таа вечер од ноќниот клуб Soho каде бевме со Себастијан Летгет“, напиша таа преку објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа, наводно, не можела да ги објави сите докази бидејќи некои од нив се многу интимни, вклучително и една негова гола фотографија, но ги објавила нивните наводни пораки и аудио снимки. Самиот фудбалер набрзо се огласи на социјалните мрежи за да ја разјасни ситуацијата и да и се извини на својата вереница.

Себастијан Лелет и Беки Џи

Во текот на последните неколку недели, е период за кој длабоко жалам. Бидејќи оваа личност не го доби она што го сакаше, сега стана јавен спектакл на социјалните мрежи исполнет со повеќе лаги отколку вистина и лажни објави насочени кон љубовта на мојот живот, единствената личност која никогаш не треба да ја заменам“, напиша тој меѓу другото.

Иако нагласи дека никогаш не ја запознал таа девојка, тој призна дека ја преминал границата и сфатил дека тоа е негов „повик за будење“. Тој исто така додаде дека со години криел лична траума и акутна анксиозност, а неговите неодамнешни постапки го поттикнале да побара психолошка помош. Долгиот текст го заврши со извинување на својата вереница, која ја запроси во декември 2022 година по шест години врска.