Нови детали, како докторот од Скопје бил пронајден убиен

Според полицискиот извештај, го пронашол неговиот син, кој го барал откако не се вратил од работа. Смртта ја констатирал лекар од Брза помош.

„Синовите на жртвата не се сомневаат во можните мотиви на убиството. Во разговор зад камерите ни кажаа дека вчерашниот ден бил обичен и не знаат што да мислат за настанот. Очекуваат надлежните што поскоро да го расветлат овој случај“, пренесува „Алсат“.

Обвинителството изврши увид на местото на настанот и даде наредба за обдукција и обезбедување на снимките од безбедносните камери.

„Јавниот обвинител даде наредба за обдукција, како и наредба за собирање и анализа на сите пронајдени траги на местото на настанот, како и за обезбедување на снимките од надзорните камери. Се преземаат дејствија за расчистување на случајот“, велат од Обвинителството.

Смртта на 67-годишниот доктор од Скопје предизвика бројни реакции во јавноста. Реагираше и Здружението на лекари од кое бараат итно расчистување на случајот.