Нови докази за убиството на Џон Ленон: Невидени фотографии од местото на злосторството во документарната серија (фото)
Серијата од три дела на Apple TV+ „Џон Ленон: Убиство без судење“ ќе содржи ексклузивни интервјуа со очевидци и досега невидени фотографии од местото на злосторството. Apple ја опиша серијата како „најтемелна истрага за убиството на Џон Ленон во 1980 година“.
Очевидци на убиството на Џон Ленон за првпат ќе зборуваат во нова документарна серија за нападот на ѕвездата на Битлси.
Интервјуа со психијатрите на убиецот
Серијата вклучува и ексклузивни интервјуа со очевидци кои првпат зборуваат заедно со некои од најблиските пријатели на Ленон, како и интервјуа со бранителите на Чепмен, психијатри, детективи и обвинители.
Режисер на серијата е Ник Холт и Роб Колдстрим со извршните продуценти Дејвид Гловер, Марк Рафаел и Роб Колдстрим и продуцентите Сајмон Бани и Луис Ли Реј. Датумот на објавување сè уште не е објавен.
Легендарниот музичар и активист за мир Џон Ленон беше убиен на 8 декември 1980 година.
Убиецот бара условно ослободување
Џон и неговата сопруга поминаа покрај група обожаватели кои бараа музичарот да им го потпише нивниот нов албум „Double Fantasy“. Еден од тие обожаватели беше Марк Дејвид Чепмен, кој го уби Ленон. Во тоа време, Чепмен имал 25 години. Како тинејџер тој бил обожавател на Битлси, но бил лут на Џон бидејќи музичарот еднаш изјавил дека бендот од Ливерпул е „попопуларен од Исус“.
Инаку, и по повеќе од 40 години од смртта на Џон Ленон, неговиот убиец Марк Дејвид Чепмен сè уште се обидува да го добие условното ослободување што го побара на сослушувањето во Њујорк. Пред две години и’ се извини на вдовицата на музичарот, Јоко Оно.