Град во кој можат да живеат само научници! Вака изгледа епицентарот на науката среде студениот Сибир!

Ако некогаш сте се запрашале како би изгледал град во кој живеат само научници, откриваме дека такво место постои. Тоа е Академгородок, град во Русија во близина на Новосибирск.

За време на Студената војна, беше неопходно Советскиот Сојуз да се израмни со САД во технолошката трка. Поради оваа причина, во 1957 година беше започнат проект за изградба на целосно нов град, во кој ќе живеат само најголемите умови во земјата. Градот го добил името Академгородок по академиците кои живееле таму. Математичарот и инженер Михаил Алексеевич Лаврентиев беше иницијатор на овој проект.

Во самиот град, во периодот од 1957 до 1990 година, научниците, покрај активното работење на подобрување на советската инфраструктура и науката во областа на физиката, хемијата и другите признати науки, имаа можност да се занимаваат и со кибернетика и генетика, кои тогаш беа забранети во Советскиот Сојуз.

Научниците можеа да уживаат повисок степен на слобода од останатите граѓани бидејќи можеа да добијат странска стока, да гледаат филмови и списанија кои тогашниот режим строго ги забрануваше. По падот на Советскиот Сојуз, многу научници и нивните семејства почнале да го напуштаат градот затоа што живееле во сиромаштија, а поединечните оддели во многу институти не можеле да функционираат без финансии.

Сепак, градот го преживеа падот на советскиот режим со доаѓањето на компаниите Новософт, Интел и Шлумберже. Тогаш Академгородок доживеа преродба, во која учествуваше синот на основачот Лаврентиев, кој исто така се викаше Михаил. Од 2011 година во градот се отворени 300 компании кои вработуваат над 9.000 луѓе, а годишниот приход на градот достигнува 175 милиони фунти годишно. Денес, градот има околу 100.000 жители и 400 истражувачки институти во самиот град.