НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ЉУПКО ПЕТРОВИЌ: Познатиот тренер се разбудил од кома – инсистирал на едно!
Познатиот тренер Љупко Петровиќ, кој пред некој ден доживеа прво благ, а потоа и многу потежок мозочен удар од претрпениот шок, се опоравува.
„ Одлична вест: Љупко Петровиќ сега се разбуди од кома и е свесен! Тој дури и инсистира да си оди дома, но медицинскиот персонал го држи во болница за да може да биде надгледуван 24/7“, објави бугарскиот новинар Методи Шуманов на социјалните медиуми.
Да потсетиме, Петровиќ направи сообраќајна несреќа на обиколницата околу Белград, откако со својот „мерцедес Б180“ влегол на погрешна лента, излегол од коловозната лента и возел во спротивна насока, во реонот на тунелот Бели Поток, во правец на Орловача.
Во него удрило „шевролет авео“ управувано од Ж. К.(63), а неговиот „мерцедес“ потоа удрил во друг автомобил.