Нови маки за Милан Станковиќ: Го посети Хиландар па заврши на инфузија (фото)

Српскиот пејач Милан Станковиќ повторно го посетил манастирот Хиландар. Милан се огласи на Инстаграм и покажа дека во манастирот завршил на инфузија.

Поради што му била потребна лекарска помош не е познато, но Милан со оваа објава ги загрижи обожавателите.

Иако многумина мислеа дека тој повеќе нема да престојува во манастири, кога ги избриша сите религиозни фотографии од својот инстаграм-профил и дека се враќа на естрадата, Милан сега ги разуверил кога објавил дека повторно отишол на Света Гора.

Инаку, пејачот на различни начини му помага на манастирот Хиландар, каде што престојуваше минатата година во текот на велигденските празници. Како што тогаш објави српски „Курир“, Милан на тоа свето место прави мелем за карцином, што го потврдил и теологот Милош Стојковиќ.

– Точно е дека Милан му помага на манастирот Хиландар. Тој доаѓа во манастирот и сам се пријавува да помогне нешто во манастирот поврзано со секојдневните работи во рамките на монашката заедница на Хиландар. Се сеќавам дека неодамна монасите како благослов му дадоа задача да помогне во подготвувањето на мелем против карцином кој се прави и може да се набави на Света Гора – рекол Стојковиќ.

Инаку, Милан, кој се повлече од јавноста, во текот на илегалата даде само едно интервју кога зборуваше за религијата.

– Крстен сум уште како бебе за да преживеам, а во мојот краток живот преживеав многу. Сите имаме стремежи, желби, планови, успеси, идеи. Господ ми даде големи дарови, а со тоа доаѓа и голем крст… А сè на крајот завршува со Господ, бидејќи преку него сè и настанало – изјавил, меѓу другото, Милан.