Германските лекари ги затворија ординациите за да протестираат против Владата, немаат доволно средства

– Илјадници општи лекари денес ги затворија своите ординации во знак на протест против здравствената политика на германската Влада и мерките за штедење.

Здружението на лекари „Virchowbund“ соопшти дека стотици ординации се изложени на ризик од затворање поради инфлација, зголемување на цените на енергијата, несоодветно финансирање и недостиг на квалификувани работници.

Дирк Хајнрих, претседател на здружението „Virchowbund“, го критикуваше министерот за здравство Карл Лаутербах за инсистирањето на буџетски ограничувања и ставањето на општите лекари под огромен притисок.

Хајнрих рече дека ќе организираат дополнителни протести доколку ситуацијата не се промени во наредните недели.

Во Германија, вкупниот износ на хонорарите што ги плаќаат јавните осигурителни агенции на општите лекари подлежи на буџетска граница, а лекарите се жалат дека од нив се очекува да се грижат за сѐ повеќе пациенти, но тие не се доволно платени.