Нермин Сулејмановиќ наскоро ќе биде погребан: Еве кој ќе го преземе телото на монструмот од Комеморативниот центар

Телото на монструмот Нермин Сулејмановиќ сè уште е во Комеморативниот центар во Тузла, но новина е дека семејството поднело барање да се извади за да биде погребано.

Оваа информација денеска ја потврди директорот на Комеморативниот центар во Тузла, Фарук Латифагиќ.

Како што изјави, тројца чичковци на Сулејмановиќ поднеле барање за погребување на Нермин и сега се чека одлуката на општина Градачац.

– Само чекаме да видиме каде ќе го погребаат, на кое гробно место – рече Латифагиќ.

Следната недела ќе се навршат два месеци од страшното злосторство што го потресе Балканот.

Потсетуваме, Нермин Сулејмановиќ на социјалните мрежи го пренесуваше убиството на својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, додека нивното бебе беше сведок на сето тоа во локви крв. Освен невенчаната сопруга, ги убил и Денис и Џингис Ондер, а ранил три лица.

Неколку дена пред убиството, Низама Хеќимовиќ побарал забрана за приближување за Нермин Сулејмановиќ, но Општинскиот суд во Градачац го одбил тоа барање.