Мексико: При уривање на покрив на црква загинаа девет лица, а десетици се заробени под урнатините

– Најмалку девет лица загинаа, а 30 останаа заробени под урнатините по уривањето на покривот на црквата „Санта Круз“ во Сиудад Мадеро во Мексико.

Несреќата се случи вчера во текот на неделната миса, при што се повредени околу 50 лица, соопшти власта.

До доцна во ноќта спасувачките екипи ги пребаруваа урнатините во потрага по преживеаните. Во спасувачките активности им помагаат и кучиња.

Државната полиција соопшти дека во моментот на уривањето на покривот во црквата имало околу 100 лица.

Се верува дека уривањето на црковниот покрив е предизвикано од „структурен дефект“.