Нови моменти во истрагата околу инцидентот во Мош: Кадрите на министерот Панче Тошковски не сакале да го апсат “тигарот” кој бил лично обезбедување на Мицкоски!?
Молкот во МВР по повод случувањата во неделата наутро, пред или внатре (!?) во ноќниот клуб Мош, го прекина денес дополнитрелниот заминик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев кој за инциндентот, кога поранешен полициски функционер нападнал свој колега додека извршувал службени дејствија, изјави дека истрагата се проширува на уште две лица:
“За инцидентот кој се случи неделата наутро, веќе е поднесена кривична пријава против едно лице кое спречило колега да извршува службени дејствија. Утринава сум информиран дека истрагата се проширува кон уште двајца колеги”, вели Бојмацалиев.
Според извори на порталот “Во Центар” истрагата со проширува на двајца пропадници на единицата ЕИП или единица за полициски интервенции кои во неделата не сакале (!?) да интеревенираат против лицето И.Б. кое беше обвинето дека нападнал свој колега. Двете лица против кои е покрената истрага на тие функции биле прераспоредени на тие работни задачи од новиот технички министер на полицијата, Панче Тошковски кој согласно пржинскиот договор има можност за 15 вертикални и 140 хоризонтални прераспоредувања. Од тие 15 вертикални прераспоредувања Тошковски искористи 14 ( на влада не помина смената во СВР Тетово поради противењето на ДУИ ) а од можните 140 направил само 101 хоризонатлно прераспоредување.
Двете лица против кој е сега проширена истрагата биле прераспоредени на тие нови функции/работни места токму од Тошковски. И двете лица прераспоредени од Тошковски не сакале да интервенираат против лицето И.Б. кое го прави тешкиот инцидент во Мош, кое во 2020 година били избрано на чело на единицата “Тигар” како кадар на Наќе Чулев, а во неколку наврати бил дел од личното обезбедување на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Потоа морале да бидат повикани други припадници на ЕИП ( поранешните “Алфи” ) кои лицето И.Б. го привеле во полициска станица.
Имено, во саботата вечер/недала по полноќ доаѓа до тежок инцидент во ноќниот клуб Мош кога петмина припадници на НТШ при СВР Скопје се попречени во обавувањето на класична контрола по “план за дрога”. При таа контрола И.Б. го нападнал полицискиот инспектор В.Г. кој бил на работна задача.
Во билтенот на полицијата пишува дека петте инспектори на НТШ при СВР Скопје влегле во клубот Мош кога им приоѓа лицето И.Б. и почнува да им се заканува. Лицето Ф.Ј. се обидува да ги раздвои нападнатиот В.Г. и напаѓачот И.Б. но тогаш е В.Г. удрен во главата ( во пределот над окото).
Во ВМРО ДПМНЕ сакаа да го дефокусираат целиот скандал со медиумски написи дека министерот Тошковски има нулта толеранција за криминалот и незаконието во МВР и дека инцидентот се должел на личната нетрпеливост на “тепаниот” и “тепачот”, но како се размотува клопчето јасно е дека луѓе на Тошковски не сакале да интервенираат и се обиделе да го “забошотат” инцидентот.
Ова укажува на можно незадоволство во полициското и безбедносно миље на ВМРО ДПМНЕ по неочекувото именување на Панче Тошковски на таа функција а за сметка на веќе видениот Наќе Чулев. Во ВМРО е очигледно нарушен балансот кога вториот човек во партијата Александар Николосkи има контролен пакет во безбедносното миље ( тој е политички чадор на таа “завиша филм” групација каде дел е и Наќе Чулев ) а полички чадор на Тошковски е претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Ова е дел од вечерашната анализа во емисијата Во Центар на Јутуб: