НОВИ ПРАВИЛА ВО ГРАНД ЅВЕЗДИ! САША ПОПОВИЌ ОТКРИ – СЕ ЌЕ БИДЕ ПОИНАКУ, А ЕВЕ ДАЛИ ЖИРИТО СЕ МЕНУВА!

Славица Анѓелова од Македонија победи во „Ѕвезда Гранда“, а наградата денеска и ја врачи Саша Поповиќ.

Саша Поповиќ проговори за својата победа, но откри и како ќе продолжи нејзината кариера.

Горд сум на сите мои кандидати. Заслужено победи, доби најмногу гласови од публиката. И посакуваме успех во нејзината понатамошна работа. По 10 минути гласање видов на телефон дека постои голема веројатност да победи – изјави Саша.

– Кариерата ќе ја гради паралелно и овде и во Македонија. Ќе ја добие оваа песна и спот, ќе гостува во сите наши емисии. Таа смета дека има многу поголеми шанси во Македонија бидејќи е првата добитничка од Македонија што ја имавме. Таму ќе има најголема популарност, но ние ќе ја туркаме. Мислам дека не можам да и дадам подобар совет од Џорџ Дејвид .

Поповиќ им се обрати и на останатите натпреварувачи.

– Наше е да го исполниме тоа што го ветивме. А кој ќе биде најголемата ѕвезда во оваа сезона и дали ќе биде ѕвезда, не знаеме. Тоа е големо прашање. Сакам да кажам дека годинава имавме рекордна гледаност.

На прашањето дали жирито ќе остане исто и во следната сезона, Поповиќ одговори:

Ист состав, само различни правила, далеку поинтересен, намален број на кандидати. Ќе биде поинтересно. Наградите ќе останат исти. Порано доделувавме станови, имаше повеќе пари. Најголема награда за победникот и за некој што се натпреварува е ако може да добие хит песна, но денес е многу тешко да се направи хит – смета поранешниот директор на „Гранд“.